Оттаму посочија и дека тим од три члена на ДЗС тргнале на лице место, со цел, како што посочуваат, да ги извлечат залутаните лица од опасниот срмен дел меѓу селото Кожле и Велес
Четворица планинари, меѓу кои има и едно седумгодишно дете го згрешиле патот и залутале на стрмно место меѓу селото Кожле, на патот кон Велес, односно на место познато и како Манастирски мост.
Оваа информација поладнево ја соопштија од Центарот за управување со кризи (ЦУК), од каде посочуваат дека добиле пријава за овој случај добиле на единствениот повикувачки број 112.
„Регионалниот ЦУК Велес веднаш комуникациски координирал за пронаоѓање со СВР Велес, ДЗС Велес и општина Велес“,
велат од ЦУК.
Оттаму посочија и дека тим од три члена на ДЗС тргнале на лице место, со цел, како што посочуваат, да ги извлечат залутаните лица од опасниот срмен дел меѓу селото Кожле и Велес.