ЧИЧКО И СТРИНА ВО АКЦИЈА: Какво само изненадување спремаат за Лилибет!

Британскиот принц Вилијам и неговата сопруга Кејт Мидлтон планираат тајно патување во Соединетите Држави за да ја посетат новородената ќерка на принцот Хари и Меган Маркл, малата Лилибета Дајана Маунтбатен-Виндзор. Извори на „Ентертејмент тајмс“ велат дека Вилијам и Кејт на патувањето ќе ги однесат и своите три деца, седумгодишниот Џорџ, шестгодишната Шарлот и тригодишниот Луис.
Со месеци се зборуваше за расправија меѓу принцовите и сето тоа изби по она неславно интервју што Хари и Меган и го дадоа на Опра Винфри. Иако негодуваше за заминувањето на неговиот помлад брат од Велика Британија за САД, 39-годишниот Вилијам беше бесен кога слушна колку и какви обвинувања Хари и Меган упатија против кралското семејство.
Браќата зборуваа во април на погребот на нивниот дедо, принцот Филип, па оваа посета изгледа како уште еден чекор кон подобрување на односите. Покрај тоа, од Кембриџови сметаат дека е време да се запознаат со нивната нова внука, родена на почетокот на јуни, и своите деца со нивниот братучед. „Вилијам и Кејт сакаат да се сретнат со Лили и фер е да се оди на посета“, изјави изворот за US Weekly. Тоа ќе биде можност за браќата да разговараат за состојбата во Компанијата, како што внатрешно го нарекуваат семејството, а исто така да се обидат да ги решат споровите, со помош на 39-годишната Кејт. „На крајот, и Вилијам и Хари се свесни дека се браќа“, додаде изворот.
Како што се испостави, посетата ќе биде многу приватна. Но, се чини дека нема да стигне наскоро. Имено, 36-годишниот Хари ќе отпатува во Велика Британија за да присуствува на откривањето на споменикот на неговата мајка, покојната принцеза Дајана, на 1 јули во Градината Санкен во палатата Кенсингтон. Тој датум го одбележува 60-от роденден на принцезата од Велс.
Патем, веќе е познато дека на собирот нема да присуствува 39-годишната Меган Маркл, која реши да остане во САД со својата мала ќерка и постариот син Арчи Харисон. Војвотката од Сасекс не била во татковината на нејзиниот сопруг откако војводата се повлече од сите должности како член на кралското семејство.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.