Чоколадни кекси

3 1/2 чаши брашно
1 и 1/2 чаша шеќер
2/3 чаша какао
250 г путер
2 јајца
1 ванилин шеќер
1 лажичка прашок за печиво
прстофат сол
Со рака соединете ги путерот и јајцата. Додадете ги ванилата и солта, и пак измешајте. Потоа додадете ги какаото и прашокот за печиво, и непрекинато мешајќи постепено додавајте од брашното.
Тестото малку измесете го на набрашнета работна маса, со сукалка развлечета кора и со чаша вадете форми. Наредете ги во тава и печете 7-10 минути во загреана рерна на 200 степени. Откако ќе се изладат по две форми соединувајте со крем по желба.


Loading...