Модните експерти размислувале како на најзиморивите дополнително да им ги олеснат ниските температури, па креирале необичен шал-фустан, кој ветува топлина на сите делови од телото.
Преголемите џемпери, елеци и шалови не се ништо необично и можат да се купат во многу продавници, но шал-фустанот ќе го најдете само на едно место – во онлајн продавницата за модни парчиња облека, Дукијана, чие седиште е во источна Европа.
Оваа малку екстравагантна креација во цевка крој, рачно исплетена од мохер-волна, добро ќе ви го топли целото тело, но колку е практична е веќе друга приказна. Имено, шал-фустанот е растеглив и удобен, но нема отвор за рацете, што го прави малку незгоден за носење. Изгледа дека додека ја создавале креацијата за ова зимско парче, во преден план им била оригиналноста и необичноста, а не практичноста.
Шал-фустанот е достапен во неколку бои, а цената е навистина екстремна, односно 247 евра. Можеби сепак ќе ги задржите добрите, стари и дебели шалови и топлите јакни, но добро е да знаете дека постои и вакво нешто.