Шведска денеска со авион пренесе двајца повредени пациенти од пожарот од Кочани, кои ќе се лекуваат во универзитетската клиника „Каролинска“ во Стокхолм.
„Северна Македонија го активираше механизмот на ЕУ за цивилна заштита, и Шведка како и многу други членки на ЕУ се јавија со нивните капацитети. Шведска е солидарна со Македонија после трагичната несреќа. Нашите мисли остануваат со Македонија“, стои во објавата на Амбасадата на Шведска во Македонија.
