Роководителот на Централната разузнавачка агенција (ЦИА) Вилијам Брнз изјави дека ако Вашингтон се откаже од подршката за Украина во нејзината борба против руската агресија, тоа за Соеднинетте Држави би било грешка од „историски размери“.
-Ако се создаде можност за сериозни преговори (со цел запирање на воените дејствија) тогаш понатамошното снабдување со оружје ќе ја стави Украина во посилна позиција, напиша Брнз во поделг есеј за светските конфликти објавена синоќа во „Форејн афеарс“.
- Алехандра Силва емотивно му ја честита осмата годишнина од бракот на Ричард Гир: Нашата љубовна приказна продолжуваРичард Гир и неговата сопруга Алехандра Силва ја прославија осмата годишнина од бракот.… Read more: Алехандра Силва емотивно му ја честита осмата годишнина од бракот на Ричард Гир: Нашата љубовна приказна продолжува
- Што се случува со вашето тело кога земате ашвагандаАшвагандата е билка која има многу намени во ајурведската медицина, врз основа на… Read more: Што се случува со вашето тело кога земате ашваганда
- Зелен хуман град бара затворање на сите зоолошки во МакедонијаГраѓанската иницијатива „Зелен хуман град“ остро реагираше по серијата инциденти на насилство врз… Read more: Зелен хуман град бара затворање на сите зоолошки во Македонија
- Најдеталниот хороскоп за мај 2026 година: Еве што ве очекува на полето на љубовта и финансиите, многумина го чекаа оваВашиот најточен месечен хороскоп за мај 2026 година е тука Вашиот најточен месечен хороскоп за… Read more: Најдеталниот хороскоп за мај 2026 година: Еве што ве очекува на полето на љубовта и финансиите, многумина го чекаа ова
- Пратеникот Цеков открива зошто го напуштил ЗНАМ: Ветивме и други работи во кампањатаПратеникот Миле Цеков, кој неодамна одлучи да ја напушти партијата ЗНАМ и да… Read more: Пратеникот Цеков открива зошто го напуштил ЗНАМ: Ветивме и други работи во кампањата
-Тоа создава шанса за долгорочна победа на Украина и стратешки пораз на Русзија, посочи директорот на ЦИА, прецизирајќи дека „помалку од 5 отсто од одбранбениот буџет на САД е релативно скромна инвестиција со значајна геополитичка придобивка“.
Шефот на американското разузнавање ја окарактеризира инвазијата на Русија во Украина во фебруари 2022 година како „глупост на Путин“.
-Најмалку 315.000 руски војнци се убиени или ранети, две третини од предвоените резерви на тенкови на Русија се уништени, а толку фалената од Путин десетгодишна програма за воена модернизација е опустошена.
И покрај тоа, изјави Брнз, прашање е дали Путин ќе ја запре агресијата против Украина.
-Секогаш е погрешно кога се потценува неговиот стремеж да ја контролира Украина. Тој смета дека без таа контрола Русија не може да стане велика држава, а тој велик руски лидер.
Брнз посочи дека војната „тивко ја разјадува неговата власт внатре во земјата“, и додаде дека Путин „продолжува да игра на картата време, дека тој може да ја згмечи Украина и да ги измори нејзините западни подржувачи“.
Тој исто така ја повика Украина да нанесува удари уште подлабоко на територијата контролирана од Русија.
-Задачата на Украина е во тоа да ја пробиe aроганцијата на Путин и да ја демонстрира високата цена што Русија ја плати… не само да прави прогрес на линијата на судир туку и да нанесува длобоки удари во тилот, напиша Брнз.
Пронајдете не на следниве мрежи:



