Русија објави дека нејзините војници се повлекле од селото Работино во областа Запорожје.
- Руската армија ја напушти – тактички лево – таа населба бидејќи нема смисла да се остане на гола површина без можност за копање ровови – рече Евгениј Балицки, висок функционер во регионот, во емисијата во живо на Соловлев.
- Нашата војска се пресели кон ридовите – додаде Балички.

Се чини дека Украина успеа при освојувањето на селото Работино да ја пробие една од најзацврстените руски одбрани на линијата на фронтот, пишува Sky News.
Да потсетиме, Работино е на неколку километри од Орахив, клучен град на патот кон Токмак, главниот патен и железнички јазол што го зазедоа Русите. Заземањето на градот Токмак би претставувало пресвртница за Украинците во нивната контраофанзива на југ кон Азовското Море.
Пронајдете не на следниве мрежи:



