Истрагата на француската армија покажала дека рускиот ИЛ-76, кој наводно превезувал воени заробеници, бил соборен од украинските сили истрелувајќи ракета земја-воздух од системот Патриот од далечина од околу 50 километри!
Информацијата ја пренесува агенцијата АП, повикувајќи се на неименуван француски воен претставник.
- ФЗОМ ја разгледува можноста породилното да се продолжи на 12 месециСомнежите за злоупотреба на боледувањата го натераа Фондот за здравствено осигурување да… Read more: ФЗОМ ја разгледува можноста породилното да се продолжи на 12 месеци
- Трамп и Урсула се скараа; Доби одговор – краток и јасенПретседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, ги отфрли заканите на… Read more: Трамп и Урсула се скараа; Доби одговор – краток и јасен
- (Видео) Се запали облакодер во ДубаиГолем пожар избувна на градилиште на облакодер во близина на хотелот „Ал… Read more: (Видео) Се запали облакодер во Дубаи
- Филипче: Споменот на Гешовски потсетува колку скапо чини политиката на омраза, поделби и националистичка пропагандаПретседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, денеска во Кавадарци положи цвеќе и… Read more: Филипче: Споменот на Гешовски потсетува колку скапо чини политиката на омраза, поделби и националистичка пропаганда
- Џорџа Мелони во центарот на скандалот: Се појави фотографија од неа во долна облека, веднаш реагирашеИталијанската премиерка Џорџа Мелони го осуди ширењето на лажни слики генерирани од… Read more: Џорџа Мелони во центарот на скандалот: Се појави фотографија од неа во долна облека, веднаш реагираше
Официјалниот претставник, кој ги објави разузнавачките наоди под услов да остане анонимен, рече дека украинската ракета очигледно успеала да остане неоткриена додека се приближувала до целта.
– После тоа доволно долго го вклучи радарот за да ја погоди целта – вели францускиот функционер.
Друг западен функционер, исто така, рече дека авионот бил соборен со проектил и дека не паднал поради механички дефект и дека проектилот речиси сигурно бил истрелан од украинска територија. Официјалниот претставник рече дека „се уште не е јасно“ дали превезува украински воени заробеници.
Истражниот комитет на Руската Федерација официјално соопшти дека Ил-76 бил соборен од системот за воздушна одбрана МИМ-104А на комплексот Американски Патриот. Во соопштението се наведува дека на местото на несреќата во Белоградско се пронајдени и прегледани 116 табли на англиски јазик.
Ден претходно истото го кажа и рускиот претседател Владимир Путин.
Пронајдете не на следниве мрежи:



