Шок откритие! Киев бил подготвен да потпише примирје со Москва, а потоа дошол човек кај Зеленски и кажал една реченица!

Конфликтот во Украина можеше да заврши пролетта минатата година доколку Киев прифатеше неутрален статус, изјави лидерот на фракцијата „Слуга на народот“ во парламентот, Давид Арахамија, кој во 2022 година беше во преговарачкиот тим на Киев.

Ексклузивно: Ова е извод од матичната книга на родените на Меланија Трамп, пишува сe за нејзиното семејство (фото)
Сè уште е меѓу главните вести во светот дека Доналд Трамп стана нов претседател на Соединетите Американски Држави, иако тој сè …
Таравари: Минимум 1.000 лекари ѝ се потребни на Македонија итно и неодложно, барем до крајот на наредната година
Најмалку 1.000 лекари недостасуваат во македонското здравство посочува во разговор за Гласот на Америка ресорниот министер Арбен Таравари. Министерот најавува вработување …

Според него, Русија за време на преговорите побарала од Украина да прифати неутрален статус.

  • Тоа беше најважното нешто за нив: тие беа подготвени да ја прекинат војната ако прифатиме неутралност, како што тоа некогаш го правеше Финска. И ако се обврземе да не влеземе во НАТО. Тоа е главното – изјави Арахамија, пренесува украинскиот портал Страна.

На прашањето зошто Киев се откажа од прекинот на конфликтот, Арахамија одговори дека поранешниот британски премиер Борис Џонсон влијаел на таа одлука.

– Во тоа време во Киев пристигна Борис Џонсон и рече: Нема да потпишеме ништо со Русите, едноставно да одиме во војна – рече Арахамија.

Порталот наведува дека медиумите претходно објавија дека Киев се откажал од потпишувањето на договорот минатата пролет по преговорите со Џонсон, а сега тоа практично го потврди и Арахами.
Да потсетиме дека руско-украинските преговори се водеа во Истанбул пролетта 2022 година, а Арахамија беше член на украинската делегација.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.