Што е „пеколен портокал“ и зошто не треба никогаш да го примените?

Возачите кои користат трикови за користење на автопилот опцијата без контакт со воланот ќе бидат казнети во Аризона.
Целосно автономни возила во моментов не постојат, без оглед колку производителите како Tesla тврдат дека нивниот автопилот е напреден и способен.
Поради тоа, возачите кои не управуваат со возилото туку се препуштаат на небезбедниот автопилот станаа исклучително висок ризик во сообраќајот, а во Аризона таквите возачи ќе добијат казна од 250 американски долари.
Еден од триковите што тие го користат е да го измамат паметниот систем е „пеколен портокал“. Возачите го ставаат портокалот на воланот за да направат системот да „помисли“ дека има дланки на воланот, што може да го видите во приложеното видео, каде на тој начин е „збунет“ системот во Volvo XC60.

На пазарот има дури и производи како што е Autopilot Buddy што се инсталира на воланот, а кој „паметниот“ автопилот на Tesla го препознава како контакт на возачот со воланот, па затоа не дава низа аларми што го предупредуваат возачот да ги држи рацете на воланот, а погледот на патот. Нашите возачи на ова ќе ги потсети познатиот адаптер што се поставува наместо безбедносниот појас, со цел да го измами системот за предупредување за неносење безбедносен појас.
Од 2018 година забрането е да се продава Autopilot Buddy во САД, со одлука на тамошното надлежно национално тело, но компанијата што го произведува, без никаков проблем, го продава тој производ надвор од САД.
Не препорачуваме да ги правите овие „трикови“ ако некогаш дојдете до автомобил со автопилот опција и апелираме да бидете внимателни учесници во сообраќајот.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.