Што е потребно за успешен секс во врска

Loading...

Постојат 3 клучни состојки за да ја одржите врската: љубов, добра комуникација и адаптација. Со одминувањето на годините, се менува начинот на живот и вашето тело, а со тоа се подразбира и промена на сексуалниот живот. Невозможно е остварувањето на помислата дека можете да имате секс со иста личност на ист начин цел живот.

1.Нова врска
Добриот сексуален живот има потреба од вложување од двата партнера, адаптација на старите техники за запознавање на различните потреби на новиот партнер. Внесете во новата врска дел од авантуристичкиот дух и откријте што му се допаѓа и што не му се допаѓа на партнерот во кревет.

2. Долга врска
Излезете малку од колосекот на вашата сексуална рутина. Доколку сексот ви станува едноличен, зачинете го со нови позиции и локации.

3. Животни случувања
Надворешните фактори и притисоци негативно влијаат врз интимниот живот. Понекогаш вашиот партнер има потреба од повеќе нежност отколку физичка работа. Останете чувствителни и потрудете се да го погодите емоционалното расположение на вашиот партнер.

4. Бременост
Бременоста може да има огромно влијание врз сексуалниот живот. Експериментирајте со различни позиции за да ја пронајдете онаа која што ви е најудобна. Сексуалната желба може да варира во фаза на бременоста, но не мора да значи дека ќе биде многу мала.

5.Старост
Никогаш не сте премногу стари за да уживате во сексот и интимните моменти. Разликата е во тоа што ќе ви биде потребно повеќе време за да го достигнете врвот. За жените ќе биде потребна подолга предигра и лубрикација, а кај мажите поголема стимулација. Но ако продолжите да зборувате и да се адаптирате, ќе можете да уживате во сексот и во зрелите одминати години.

* * * * Следете не на Фејсбук. * * * * Имаме интересни содржини секој ден, сите не се објавуваат на сајтот!!
loading...