Што учат првачињата во Шведска, Норвешка и Данска?

Основното образование во скандинавските земји носи интересни и иновативни пристапи, прилагодени на потребите на децата.

Шведска
Задолжителното основно образование во Шведска се заснова на 16 предмети: шведски јазик, математика, физичко образование, англиски јазик, занаети, музика, ликовни уметности, технологија, физика, хемија, биологија, историја, општествени науки, религии, географија и домашна економија. Сите предмети се изучуваат од прво одделение. Но, тие добиваат оценки дури од шесто одделение, а претходно наставниот кадар подготвува индивидуален развоен план за секое дете. Во овој период се посветува големо внимание на самопоправањето, а децата преземаат одредена одговорност за она што треба да го научат.
Со оглед на тоа што задолжителното образование за нив започнува дури на седумгодишна возраст, предучилишното образование и прво одделение се малку поинакви, така што сите деца се на исто ниво на самиот почеток на образованието, кога само што почнуваат да учат букви, пишување, читање и собирање… Училиштата во Шведска немаат ѕвонче – асистентите ги известуваат децата дека одморот заврши и време е тивко и брзо да се вратат во училниците. Целата потребна опрема, од моливи до ајпади, ја обезбедува училиштето, па ранците се оставаат пред училницата.
Секое утро, наставниците поминуваат низ дневниот визуелен план за часови со учениците за да го стимулираат нивното чувство за време. На секоја маса има по два картони, зелени картони кои ги превртуваат ако можат самостојно да работат и црвени картони кога им треба помош. На овој начин, шведскиот образовен систем сака да го поттикне секое дете да развие одговорност кон своето образование.
Излегувањето надвор во текот на денот е задолжително дури и при ладно време, па училиштата имаат соодветна облека за секоја сезона. Во повеќето училишта, учениците ги оставаат чевлите пред вратата и носат само чорапи внатре.

Норвешка
Во прво одделение од основно училиште, учениците го поминуваат поголемиот дел од времето играјќи едукативни игри и учење на општествени структури, азбука, основите на собирање и одземање и основни познавања на англискиот јазик. Во првите седум одделенија нема оценки, но наставниот кадар често пишува коментари, анализи, а понекогаш и неофицијални оценки на испитите. Тестовите мора да се однесат дома и да им се покажат на родителите. Има и воведен тест кој му дава до знаење на наставникот дали ученикот е натпросечен или има потреба од дополнителна помош.
Училиштата во Норвешка посветуваат посебно внимание на исхраната на децата, а грицките и колачите се забранети, освен ако не се прават на час по готвење. Ова се практикува и дома, па норвешките родители на децата им сервираат лаги за магични фиоки за бонбони кои се отвораат во сабота. Децата го носат ручекот во кутии, а тој оброк најчесто се состои од сендвич, овошје и шише вода. Часовите започнуваат помеѓу осум и девет наутро и траат помеѓу 25 и 30 минути.
За разлика од Шведска, каде сè е бесплатно, норвешките училишта на своите ученици ќе им даваат книги, додека целата друга опрема децата сами ја носат.

Данска
Училиштата во Данска бараат задолжителното школување да започне на возраст од шест години. Образовниот пристап во оваа земја избегнува рангирање на класи и формални тестови. Наместо тоа, децата работат во групи и се охрабруваат да работат креативно. Акцентот е ставен на решавање на проблемите наместо на помнење на информации.
Наместо со „наставник“ или „учител“, наставниот кадар се ословува по име. Од прво одделение децата учат англиски, дански, музика, визуелни уметности, физичко образование, математика, природа и технологија. Сите деца треба да вежбаат во просек по 45 минути дневно во текот на училишниот ден. Движењето може да се врши на часовите за спорт и како на дел од придружната настава.
Учениците од прво одделение поминуваат околу пет часа дневно на училиште, што вклучува три часа вежбање дневно, исто толку излети, физички активности и пауза за ручек.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.