Италијанската влада официјално ја отвори линијата на која ќе сообраќа првиот луксузен воз во оваа земја – „Долче Вита Ориент Експрес“.
Проектот беше презентиран претходно оваа година и, како што е наведено, служи како почит кон 1950-тите и 1960-тите, кога гламурот ги красел возовите.
Сè започнува на станицата Остиенсе во Рим, во луксузен салон дизајниран од францускиот архитект Уго Торо.
Под вашите нозе има оригинални мозаици од 20 век, во воздухот се свири џез во живо, а келнерите делат освежување пред некој да се качи.
Винтиџ италијанските Z1 вагони од 70-тите и 80-тите години се реновирани и преуредени во стил на ретро-коктел-лаунџ, благодарение на дизајнерското биро „Диморстудио“.
Има 30 кабини: 18 апартмани и 12 луксузни соби, секоја со сопствена бања. Луксузните кабини се малку помали, но генијално дизајнирани, со софи на расклопување и столчиња кои служат и како каучи и како масички за кафе.
„Знаете, како деца, кога го гледавме „Убиство во Ориент Експрес“ ноќе, кога ја читавме книгата на Агата Кристи, сите сонувавме еден ден да патуваме со Ориент Експрес. А сега, уште подобро, го имаме нашиот Ориент Експрес, оној за слаткиот живот, италијанскиот, оној што е полн со срце, полн со емоции, прекрасно патување“, рече готвачот што работи во возот.
Концептот за таков воз е создаден преку заедничка инвестиција на италијанската група „Арсенале“, францускиот „Акор“ и државниот железнички оператор „Трениталија“.
Операторот, исто така, се надева дека неговите елегантни железнички вагони со рути низ Тоскана, Сицилија и Доломитите ќе се вклопат во актуелните трендови во транспортот со ниски јаглеродни емисии и намалувањето на воздушниот сообраќај.
Кога станува збор за цените, Ројтерс известува дека патувањето може да биде скапо.
„Цените почнуваат од околу 3.500 евра (4.100 американски долари) по лице за еднодневно патување и достигнуваат до над 12.000 евра за подолги тури“, објаснуваат тие.
The post Ѕирнете во еден од најлуксузните возови во Европа: Носталгија во секој агол и поволна цена за патувањето (фото) appeared first on Во Центар.



