Лидерот на ГРОМ, Стевчо Јакимовски, во нова објава на Фејсбук вели дека Мицкоски го напаѓа Груевски за да има алиби за уставните измени кои сам ги договорил.
– Лисиц!
Значи овој Христијан се обидува да не прејде сите жедни преку вода.
Морам да признаам дека му направиле доста добра стратегија, арно ама, забораваат дека има и политичари од времето на Тито. А таквите подготвени стратегии не од него, туку од странски замешателства ги фаќаат на бранова должина.
Нели Христијан побара гаранција за јазикот и македонскиот идентитет? Тоа беше однапред договорено, покровители на гаранцирањето беа токму Германците со гласање во парламентот. Така ли беше? Нели ви е чудно што Мицкоски го нападна Груевски дека се обидува да му направи раздор во партијата и да обезбеди пратеници за уставните промени токму во германски ФАЦ?
Стратегијата е да се нападне Груевски дека тој е предавникот што договорил дел од пратениците од ВМРО-ДПМНЕ да гласаат за влез на Бугарите во уставот. На зачестениве средби со странците токму Мицкоски има договорено дел од пратениците да гласаат за измени на уставот, а за тоа да не биде тој виновен туку предавникот Никола Груевски.
Се потрудиле добро да ја осмислат стратегијата да ни глуми лисица, жртва на заговор и обид демек партијата да му се разбива одвнатре, а всушност, трговецот за уставните измени е токму тој. И тоа настапува како трговец-поединец.
Повторно користи иста тактика како за Преспанскиот договор. Таму го обвини Мијалков. Се сеќавате нели? За влез на Бугарите во уставот ќе го обвини Груевски, а тој демек ги чувал македонските национални интереси, ама постојано го поткопувале уценети бивши политичари, инаку тој ќе издржел машки. – вели Јакимовски.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.