ЈА СТАВИ ЅВЕЗДАТА НА ДАВИД ПОРАДИ ХАМАС: Израелскиот амбасадор во ОН објасни колку долго ќе го носи симболот на страдањето на Евреите за време на холокаустот

Гилад Ердан, амбасадорот на Израел во Обединетите нации, стави жолта Давидова ѕвезда на реверот и рече дека ќе ја носи додека Советот за безбедност на ОН не ги осуди „злосторствата на Хамас“ и не побара заложниците „итно да бидат ослободени“.

Би-би-си потсетува дека Советот за безбедност на ОН не успеа да усвои неколку резолуции кои се однесуваат на ситуацијата во Израел и Појасот Газа поради недостиг на консензус.

Британскиот медиумски сервис потсетува дека нацистите ги принудувале Евреите да носат жолта Давидова ѕвезда за да се препознаат во јавноста.

Би-би-си наведува дека денес ставањето на оваа ѕвезда на ревер е начин да се евоцира холокаустот.

Пронајдете не на следниве мрежи: