Љубомир Цуцуловски – ПАРТИТОКРАТИЈА

Loading...

ПАРТИТОКРАТИЈА. Во дебатната емисија „Анализа 24“ (директно емитирана на 14.05.2018 год. на Телевизија „24 Вести“) извесниот Имер Селмани се „осмели“ да го постави прашањето како се случило и јас да сум бил поканет во емисијата. Прашањето лично не ме погоди, ниту на било кој начин ме навреди, бидејќи во текот на животот човек научува да не се навредува од секого и од се. Меѓутоа, сметам дека неговата вербална интервенција претставува своевидно мешање во уредничката политика на одредена телевизиска куќа, редакција или редакциски колегиум, бидејќи учесниците не се самопокануваат во некоја емисија, туку се поканети. Така, прашањето зошто некој бил поканет во некоја емисија денес може да биде упатено до еден медиум, утре до некој друг, задутре до некој трет. Земајќи си го ова право, некои персони (или цели интересни групи, одвоени/отуѓени од партиското членство и од граѓаните воопшто) Република Македонија директно ја водат кон партитократија, која е идентична со етатизмот, за кого е карактеристично токму тоа – поистоветување на одредена партија (или неколку партии) со државата. Премолчувањето на оваа тенденција, лесно може Република Македонија да ја одведе во правецот на сталинизмот или кон духот на Северна Кореа. Значи, не станува збор за ограничување на личната слобода на некого, туку на слободата воопшто. Дотолку повеќе потребно е навремено да се реагира на овие тенденции, бидејќи парниот лонец може да премине во парна локомотива. Потоа, истите персони се прашуваат зошто Македонија е далеку од ЕУ. И ќе биде далеку од ЕУ (односно, од идејата која е во основата на оваа Унија) се додека со неа владее дух/синдромот на партитократија. Значи, на оние кои (наводно) не водат кон Европа, а практично не одалечуваат од неа.

* * * * Следете не на Фејсбук. * * * * Имаме интересни содржини секој ден, сите не се објавуваат на сајтот!!
loading...