Ниту Џенифер Лопез не успеа да одолее на овој летен тренд кој се враќа од минатото. Комплетите ова лето се многу популарни и иако многумина од Вас последниот пат го носеле во детството, повеќе не се резервирани само за девојчиња. А, доколку сте се сомневале во тоа, Џеј Ло ќе Ве увери.
Славната пејачка во недела навечер била на вечера со момчето Алекс Родригез за кој неодамна се “шушка” дека ѝ вереник, а носела комплет со пруги кој ги нагласи сите нејзини адути.
Горниот дел од нејзиниот комплет беше минијатурен топ во кој ги покажа длабокото деколте и совршените стомачни. Долу носела широки панталони со висок струк во комбинација со сандали со висока пета кои создале илузија на витки и долги нозе, иако на Џеј Ло не ѝ се потребни такви трикови, бидејќи има совршена линија.
Овој модерен комплет го искомбинира со бела јакна и голема платнена Шанел чанта, исто така со пруги. Изгледот го заокружи со својот заштитен знак, големи златни алки. Џеј Ло изгледаше беспрекорно.