Авион на „Ер Индија“ удри во ѕид при полетување

Патнички авион на „Ер Индија“, кој полета од јужниот индиски град Триџија кон Дубаи, удри во ѕид на аеродромот веднаш по полетувањето.
Авионот „Боинг 737“ на индиската национална авиокомпанија со 130 патници и шестмина членови на екипажот е пренасочен кон Мумбај, каде што слета безбедно.
Компанијата „Ер Индија“ соопшти дека на двајцата пилоти, кои заедно имаат повеќе од 6.500 часови летање, ќе им биде забрането управување со авиони се до завршување на истрагата.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.