Денес ви споделуваме австриски рецепт за печени тестенини со шунка и сирење – идеален избор кога немате многу време и состојки на располагање.
Потребни состојки:
250 грама тестенини
200 грама шунка
100 грама сирење
80 грама путер + за подмачкување на садот за печење
4 јајца
морско оревче
250 грама кисела павлака
2-3 чешниња лук
сечкан магдонос
½ шолја презла + за посипување
Начин на подготовка:
Извадете го путерот од фрижидер да омекне. Сварете ги тестенините, а потоа исцедете ги и оставете ги да се изладат.
Со миксер измешајте ги путерот, жолчката, солта, биберот и морското оревче, па додајте ги шунката исечкана на коцки, ренданото сирење, павлаката, лукот, сечканиот магдонос и ладните тестенини.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.