Австрија бара барателите на азил да го чистат снегот

Многу делови од Австрија заради обилните снежни наноси се наоѓаат во тешка ситуација и се отсечени од остатокот на земјата. Во расчистувањето на снегот учествуваат повеќе од 1.100 војници. Шефот на пратеничкиот клуб на Слободарската партија на Австрија (FPO) Јохан Гуденус излезе со предлог барателите на азил да помогнат во чистењето на снегот. Гуденус додава дека барателите на азил, кои и онака не можат да добијат вработување додека е во тек решавањето на нивните барања, како и бегалците кои живеат од помошта на државата би можеле да помогнат во чистењето на снегот.
-Апелирам до овие лица да го искористат своето слободно време и да им се приклучат на мерките за помош и да помогнат во чистењето на снег во погодените подрачја. Им нудиме заштита и се грижиме за нив, затоа и не е премногу ако побараме нешто да и дадат на нашата земја, изјавил Гуденус, додавајќи дека нивното ангажирање, нормално, би било на доброволна база и неплатено.
Така е тоа, драги мои, во земји во кои законите се почитуваат. Ништо нема за бадијала, или, што би рекле нашите соседи Срби – ни код бабе нема џабе. За се нешто што ќе добиеш од државата, нешто треба и да дадеш, во случајов да чистиш снег, тоа е Европа и нејзините правила за однесување.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.