Австрија го освои тимското злато на скијачкиот Мундијал

Репрезентацијата на Австрија ја освои светската титула на Мундијалот во алпско скијање кој се одржува во Шладминг.

Австрискиот тим во состав: Михаела Киршгасер. Никол Хосп, Кармен Талман, Марсел Матис, Филип Шоргофер и Марсел Хиршер во финалето убедливо ја победија Шведска со 4:0. Претходно Австрија која беше слободна во осмина финалето, во четврт финалето ја победи Словенија, а во полуфиналето домашната репрезентација беше подбра до Германија. До бронзениот медал во екипната трка стигна репрезентацијата на Германија, која во борбата за третото место ја победи Канада. Натпреварите на Светското првенство во Шладминг ќе продолжат во четврток, кога дамите ќе возат велеслалом.
Макфакс
Репрезентацијата на Австрија ја освои светската титула на Мундијалот во алпско скијање кој се одржува во Шладминг.

Пронајдете не на следниве мрежи: