Австрија не сака мигранти?!?

Властите во Виена најавија дека Австрија се повлекува од глобалниот Договор на ОН за мигрантите. На денешната седница на Владата ќе биде донесена соодветна одлука, најавија канцеларот Себастијан Курц и вицеканцеларот Хајнц-Кристијан Штрахе.
Австрија го следи примерот на САД и на Унгарија. Виена нема да го потпише тој документ поради суштински несогласувања и нема да испрати официјален претставник на конференцијата во Маракеш која треба да се одржи во декември.
Во Виена го сметаат Договорот несоодветен за регулирање на мигрантското прашање, стравуваат за губење суверенитет во мигрантската политика, и “бришење“ на разликите меѓу легалната и илегалната миграција.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.