недела, 15 ноември 2026
Најново

Автомобил удрил во пешак во Скопје, возачот избегал – по укажаната помош, и пешакот побегнал од болница!

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Денеска во Скопје се случила нова сообраќајна несреќа во која возило удрило во пешак, јавува телевизија Телма.

„Денеска во 13.54 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Кузман Јосифоски-Питу“ во Скопје патничко возило „цитроен“ удрило во машко лице, по што го напуштило местото на настанот. Повредениот пешак бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош. Полициски службеници од СВР Скопје преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и расчистување на настанот“, велат од МВР.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Според информациите на телевизијата, и повредениот пешак по укажаната медицинска помош си заминал самоиницијативно без дозвола, и без да го информира персоналот.

Поврзани вести