Легендарниот аргентински фудбалер, Серхио Агуери ја заврши кариерата пред нешто повеќе од три години, а сега е подготвен да се проба во нов спорт.
Аргентинецот кој сега има 36 години ќе се обиде да изгради кариерата во Формула Е. Станува збор за првиот авто-мото спорт кој на 11 ѕвезди од светот на спортот, технологијата и забаввата ќе им даде прилика да застанат зад најбрзиот електричен автмобил во светот, „GEN3 Evo“.
Aгуеро ќе биде најголемата ѕвезда од сите учесници, а засега е познато дека ќе се натпреварува и Бруклин Бекам, синот на Дејвид Бекам.
Станува збор за автомобил кој од 0 до 100 km/h стигнува за 1.82 секунди што е 30% побрзо од болидите во Формула 1.



