четврток, 12 ноември 2026
Најново

Адеми побара примена на албанскиот јазик и преведувач во Судски совет

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

На почетокот на денешната седница членот на Судскиот совет на РМ, Селим Адеми побара од претседателот на СС, Зоран Караџовски да се почитува Законот за употреба на јазиците.
– Имајќи предвид дека е донесен Законот, барам поканите за седниците на Судскиот совет да бидат и на албански јазик, а воедно да се обезбеди и преведувач, рече Адеми.
Претседателот на СС, Караџовски рече дека сите знаат дека Законот е донесен, но дека и во него има рокови за негова имплементација.
-Јас имам намера да го почитувам Уставот на РМ и законите и нема да се чека последниот рок, рече тој.
Караџовски ирази надеж дека во најскоро време ќе се остварат правата согласно Законот.

Поврзани вести