Азески му врати на Мицкоски во врска со неговите провокации, но сосема со поинаков тон

Откако на Фејсбук беше прозван претседателот на Стопанската комора, Бранко Азески од страна на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски дека нападите кон опозицијата ги темели само на лагите на Битиќи и Бесими, Азески му одговори и му посака на Мицкоски побрзо оздравување.

„Господине Мицкоски, Ви посакувам побрзо оздравување и закрепнување затоа што моето искуство за кое пишувате ме научило да го почитувам слоганот на нашата најуспешна компанија „Здравјето пред се“. После тоа има време и за аргументи, искоментира Азески.

Извор: Глобално

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.