Азиско-пацифичките берзи во различни насоки по тргувањето во САД

Берзанските индекси на Азиско-тихооканските пазари го започнаа тргувањето во средата со различни осцилации, повторувајќи ги резултатите од берзите во САД.

Индексот на токиската берза Nikkei 225 во првите моменти од тргувањето во средата забележа пад од 0,51 отсто, на 1.2252,29 поени. Јужнокорејскиот индекс KOSPI, пак, се зголеми за 0,22 отсто, на 1.996,79 пеони. Австралискиот индекс S&P/ASX 200го започна тргувањето во црвената зона на 5.099,2 индексни поени.
 
Овие показатели , практично се совпаѓаат и се реакција од резултатите на тргувањето на американските берзи, каде што беше регистриран незначителен раст на индустрискиот индекс Dow Jones, а нивоата на индексите S&P 500 и Nasdaq забележаа пад.
 
Берзанските аналитичари сметаат дека овие резултатите претставуваат техничка корекција на премногу брзото темпо на раст на котизациите од почетокот на годинава.
Макфакс
Берзанските индекси на Азиско-тихооканските пазари го започнаа тргувањето во средата со различ

Пронајдете не на следниве мрежи: