Ако опозицијата не го поддржи договорот од Преспа, ќе мора да одговара за тешките последици за граѓаните, предупреди Хан

На социјалната мрежа „Твитер“ еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан ја повика опозицијата да се однесува државнички и да го поддржи договорот од Преспа.
-Ако не успее во тоа, тогаш ќе мора да одговара за тешките последици за граѓаните на Македонија, напиша Хан.
Еврокомесарот во интервју за “Еуроактив“, се осврна и на одговорноста на опозицијата.
-Последиците од бојкотот на опозицијата може да ја уназадат земјата во развојните процеси, рече Хан.
Тој смета дека на „средни патеки“ нови избори може да доведат до ризични одложувања на процесот и дека тоа не би му послужило никому, бидејќи не е јасно дали нови избори би донеле двотретинско мнозинство потребно за да се прифати договорот за името.
-Дополнително, трпението на Грција има свои граници. Атина досега се однесуваше конструктиво, но и таа има свој политички календар, вели Хан.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.