Ако референдумот не помине, институциите ќе одлучуваат за уставните измени

Ако не биде исполнет цензусот на референдумот, Парламентот треба да одлучи и да гласа за или против уставни промени, рече денеска премиерот Зоран Заев одогварајќи на новинарски прашања на пуштањето во употреба на инвестицијата на турската компанија „Мурат Тиџарет“.
-Отворени сме за расправа дали референдумот да биде консулатативен или обврзувачки. На крајот одлуката е задолжителна. Теоретски, можат да излезат еден милион гласачи, 600 илјади да гласаат за, 400 илјади да гласаат против. Тогаш политичарите сите ја спроведуваат одлуката, гласаат во Собрание и постигнуваме консензус.

Ако излезат милион гласачи, 600 илјади гласаат против, 400 илјади гласаат за, тогаш не важи Договорот со Грција. Ако излезат 800 илјади гласачи, 600 илјади се за, а 200 илјади се против, тогаш граѓаните не донеле одлука. Ако нема исполнет цензус, нема одлука, така е по уставот. Тогаш институциите треба да одлучат да гласаат за или против уставни промени, рече Заев.
Инаку Заев неодамна даде изјава дека ако не помине референдумот ќе си поднесе оставка, додека денес зборува сосема нешто друго и се премислува.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.