Албаниан пост: Ахмети победи на изборите во Македонија и стана втора политичка сила во државата!

Како што се случуваше 22 години по ред, Али Ахмети, лидерот на „Европскиот фронт“, воедно и претседател на Демократската унија за интеграција (ДУИ), победи на парламентарните избори во Македонија, дури и овој пат, дополнително, покрај убедливата победа во таборот на Албанците, коалицијата што ја предводи е рангирана како втора политичка сила во оваа земја со пратенички мандати, пишува Албаниан пост.

Во албанскиот табор има над 30.000 гласови повеќе од коалицијата на албанските опозициски партии „ВЛЕН“, кои се четврто рангирани на републиканско ниво. Оваа коалиција доби 103.556 гласови или 10,91 отсто од вкупните гласови. Преведено во мандати 13 сош.

Треба да се напомене дека „ВЛЕН“ загуби речиси во сите изборни единици каде Албанците добиваат пратенички мандати, почнувајќи од изборната единица 2, 3, 5 и 6.

Пронајдете не на следниве мрежи: