Албанската армија ќе помага во поплавените подрачја на Косово

 Војници и возила на албанските вооружени сили заминаа за Косово за да им помогнат на жители од поплавените подрачја.

– Наши војници, со возила и соодветни апарати испративме за да ги поддржат жителите на некои општини во Косово, кои се многу сериозно погодени од поплавите, како последица од поројните дождови, напиша албанскиот премиер Еди Рама на Фејсбук.

Во меѓувреме, од Министерството за одбрана соопштија дека во северниот град Кукс, во близина на албанско – косовската граница е распореден дополнителен контингент војници и возила кои ” се подготвени да интервенираат во координација со косовските власти, во случај ситуацијата да се влоши”.

– Подготвени се да интервенираат во координација со косовските власти, во случај ситуацијата да се влоши. Со нашите браќа во добри и тешки денови, наведуваат од Министерството за одбрана.


Пронајдете не на следниве мрежи: