Алијанса за ДПМНЕ: Нереформирана партија која е срам за македонската политичка сцена. ДА СЕ ОТРЕЗНАТ

Алијанса жестоко кон ДПМНЕ: Вие сте нереформирана партија која е срам за македонската политичка сцена

Алијанса за Албанците бара од потпретседателот на ДПМНЕ, Александар Николовски „да се отрезни“ бидеји, според партијата која претендира да влезе во владината коалиција, лидер на македонската опозиција, според анкетите на ИРИ е Никола Груевски.

-Ги повикуваме Николовски и другите како него да се отрезнат и да размислат, бидејќи лидер на македонската опозиција според анкетите на ИРИ е Никола Груевски, тоа се должи на нереформираната партија во нејзината идеологија и кадровско управување и ова е срам за Македонската политичка сцена. Вие сте исто така виновници за изолацијата на земјата овие 10 години, правејќи ја неиздржлива за живеење и за над 700.000 раселени луѓе. За среќа, вашата реторика замина во азил и со овој пристап останувате фактор на нестабилност за Северна Македонија. Не го хранете македонскиот граѓанин со поезија, барајте помош за да излезете од калта во која ве потона Левица, велат од Алијанса.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.