четврток, 12 ноември 2026
Најново

Амазон во преговори за инвестирање на 10 милијарди долари во OпенАИ

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Технолошката компанија Амазон би можела да инвестира повеќе од 10 милијарди долари во истражувачката организација OпенАИ за развој на вештачката интелигенција (ВИ).

Потенцијалното финансирање би можело да ја зголеми проценката на компанијата за вештачка интелигенција OпенАИ на повеќе од 500 милијарди долари, објави Ројтерс.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Разговорите доаѓаат откако OпенАИ заврши со реструктуирање во октомври и формално ги изложи деталите за своето партнерство со Мајкрософт.

Мајкрософт инвестираше повеќе од 13 милијарди долари во ОпенАИ и ја поддржува компанијата од 2019 година, но повеќе нема право на првенство како давател на компјутерски услуги за ОпенАИ.

Гигантот за онлајн купување Амазон неодамна инвестираше најмалку 8 милијарди долари во американскиот стартап за вештачка интелигенција Антропик, конкурент на ОпенАИ.

Сепак, Амазон би можел да го прошири своето учество во развојот на пазарот за генеративна вештачка интелигенција.

И Мајкрософт презеде сличен чекор и минатиот месец објави дека ќе инвестира до пет милијарди долари во Антропик, додека Нвидија ќе инвестира до 10 милијарди долари во американскиот стартап.

Поврзани вести