Амбасадорите на ЕУ одобрија мисија за обука на 15.000 украински војници

Амбасадорите на ЕУ вчера едногласно одобрија мисија за воена обука за околу 15.000 војници на украинските вооружени сили, изјавија неколку дипломати за ДПА.

Амбасадорите на ЕУ одобрија мисија за обука на 15.000 украински војници

Како одговор на руската војна против Украина, што почна пред речиси осум месеци, шефот за европската дипломатија, Жозеп Борел, во август ја покрена идејата за нова иницијатива за обука на украинските војници.

Според претходните најави, мисијата може да вклучи обука во области како што се логистиката и заштитата од нуклеарно, биолошко и хемиско оружје, пренесува ДПА.

Денешната одлука на амбасадорите на 27-те земји-членки на Европската унија треба официјално да биде одобрена и од шефовите на дипломатиите на ЕУ, во понеделник во Луксембург.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.