Американски крофни

2 јајца
2 чаши брашно (250мл)
1 чаша  јогурт
1 ванилин шеќер
1 1/2 лажичка прашок за печиво
1 лажица ракија
1/2 чаша какао
1/2 чаша шеќер
1/2 чаша вода
1 ванилин шеќер
50 г шеќер во прав
масло
Во тенџере на оган ставете ги какаото, шеќерот и водата. Непрекинато мешајќи варете додека се згусне преливот. Додадете 1 ванилин шеќер, промешајте и изладете.
Во вангличка со миксер изматете ги јајцата. Додадете ги брашното, јогуртот, преостанатиот ванилин шеќер, прашокот за печиво и ракијата. Матете со миксерот додека смесата не се соедини.
Ставајте од смесата во калапот за крофни и пржете ги во тенџере со поголема количина загреано масло. Откако ќе добијат златно-румена боја вадете ги крофните од тенџерето и ставајте ги на чинија прекриена со хартија, за да ја впие непотребната мрснотија.
Наросете ги крофните со шеќер во прав и нанесете од изладениот прелив.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.