среда, 11 ноември 2026
Најново

Американски палачинки за сите љубители на сладок оброк

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Сите сме љубители на вкусни американски палачинки, но со овој рецепт ќе ги подготвите на посебен начин, за да бидат помеки и посочни од било кога.
Израдувајте ги своите најблиски со слатка вечера и уживајте во сумирање на впечатоците од изминатиот ден.
Состојки:
– 2/3 шолји млеко;
– 2 лажици вински оцет;
– 1 шолја брашно;
– 1 лажица прашак за пециво;
– 1/2 лажица сода бикарбона;
– 1/2 лажица сол;
– 1 јајце;
– 2 лажици растителен путер;
– 2 лажици јаворов сируп;
– грчки јогурт;
– овошје по желба.


Подготовка:
Во сад измешајте го млекото и оцетот и оставете го да отстои 5 минути. Соединете брашно, прашак за пециво, сода бикарбона и сол.
Во друг сад изматете ги јајцата, растопеното масло и додадете го млекото со винскиот оцет. Сето тоа добро измешајте го, додадете ги сите состојки во смесата и мешајте додека не соедините.
Загрејте ја тавата на средна температура, стоплете малку растителен путер и печете ги палачинките од двете страни.
Послужете ги прелиени со јаворов сируп, грчки јогурт и свежо овошје.

Поврзани вести