Русија се припрема за анексија на украинска територија и планира да постави нелегитимни и неа блиски функционери во подрачјата под своја контрола, вели Белата Куќа.

Откривајќи го она што го нарекува американски разузнавачки податоци, Џон Кирби, гласноговорник на Националниот совет за безбедност, рече на брифингот за медиуми дека Русија се спрема да ја воведе рубљата како валута и да го присили населението да поднесе барање за државјанство.
Русија исто така се спрема да преземе контрола врз телевизиските кули, рече тој.
Кирби рече и дека САД во следните неколку дена ќе најави и нов пакет на оружје за Украина која води жестока борба со руските сили на истокот на земјата, 16-ти пакет по ред.
Коментирајќи ја посетата на Владимир Путин на Техеран, Кирби рече дека тој покажува како Русија станала изолирана.
Тоа беше прво патување на Владимир Путин надвор од границите на бившиот Советски сојуз, откако Москва на 24 февруари ја започна инвазијата на Украина.
САД минатата недела рече дека има информации дека Иран се спрема да ја обезбеди Русија си преку 100 дронови ., вклучувајќи и некои кои можат да носат оружје. Техеран, исто така, според американските информации, се спрема да ги тренира руските сили да користат дронови.
Иранскиот министер за надворешни работи тоа го негираше.
Кирби рече дека сеуште нема назнаки дека Иран и ги испорачал дроновите на Русија.
Пронајдете не на следниве мрежи:



