четврток, 12 ноември 2026
Најново

Америка ја одлучи судбината на Украина: Еве кога Зеленски ќе го потпише документот

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Америка очекува украинскиот претседател Володимир Зеленски да го потпише мировниот план на Трамп до 27 ноември, објави „Фајненшл тајмс“, повикувајќи се на украински претставници.

Според американски извори, Вашингтон сака Зеленски да го потпише „пред Денот на благодарноста“, за да може мировниот договор да ѝ биде презентиран на Москва до крајот на месецот , а целиот процес да може да се затвори на почетокот на декември.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Сепак, како што додава „Фајненшл тајмс“, ова веројатно нема да се случи во дадениот рок. Службеници од кабинетот на Зеленски тврдат дека Киев категорично не се согласува со одредени точки од американскиот предлог и дека таков документ не може да се потпише без измена на најконтроверзните делови.

Според весникот, Киев подготвува и контрапредлози што треба да бидат испратени до американската страна во наредните денови.

Поврзани вести