четврток, 12 ноември 2026
Најново

Амнестија ќе има, ама селективна

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Законот за амнестија ќе биде разгледан во понеделникот на средбата на групите за помирување. Предлогот предвидува дека обвинетите треба јасно да се изјаснат дали ја прифаќаат амнестијата или според принципот на невиност сакаат да продолжи судската постапка, дознава “Алсат“. Законот нема да ги опфати лицата за кои постои материјален доказ за кривично дело-насилство, како и организаторите и делата за кои се обвинети во случајот како поранешниот директор на УБК, Владимир Атанасовски.
Претседателот на групата за помирување Зеќир Рамчиловиќ вели дека на овие консултации поканета е и пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, додавајќи дека предлозите за законот се уште јавно не се изнесени, но кординаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ бил информиран за наредните чекори.
„Најдовме правни формулации, да не влијаеме врз судството, ние како Собрание да донесеме закон за амнестија“, изјави денеска Рамчиловиќ, претседател на групата за помирување на Интерпарламентарната група.
Од ВМРО-ДПМНЕ велат сѐ уште не се запознаени со новото законско решение и повторија дека нема да учествува на такви фингирани форуми на кои ќе се дискутира за селективна амнестија, додека пак, Од СДСМ велат дека нема да има амнестија за оние кои извршиле насилство на 27 април.
По разгледувањето на нацртот од групите за помирување, истото ќе треба да помине во координативното тело каде што треба да добие поддршка од сите за потоа да оди на парламентарна процедура.

 

 

Поврзани вести