Амнести Интернешнл: Украинската армија ги загрозила цивилите со напади од населени места

Украинската армија ги изложи на ризик цивилите со тоа што формираше воени бази во училиштата и болниците и извршуваше напади од населени места за да ја потисне руската инвазија, соопшти невладината организација Амнести интернешенел.

Не било се како што еднострано се прикажува од големите светски информативни сервиси:

Помеѓу април и јули, истражителите на Амнести интернешнал ги истражуваа руските напади во регионите Харков, Донбас и Миколаев, ги прегледаа погодените области и ги испрашуваа преживеаните, сведоците и луѓето блиски до жртвите.
Амнести Интернешнл: Украинската армија ги загрозила цивилите со напади од населени места

Ваквите тактики го прекршуваат меѓународното хуманитарно право, се вели во соопштението на организацијата.

„Ја документиравме тенденцијата на украинските сили да ги загрозуваат цивилите и да ги прекршуваат правилата за војна кога дејствуваат во населени области“, рече генералниот секретар на Амнести Агнес Каламар.

„Фактот што тие се во позиција на одбрана не ја лишува украинската армија од обврската да го почитува меѓународното хуманитарно право“, додаде таа.

Во исто време, Амнести нагласува дека тоа во никој случај не ги оправдува „слепите руски напади насочени кон цивилното население“.

Помеѓу април и јули, истражителите на Амнести интернешнал ги истражуваа руските напади во регионите Харков, Донбас и Миколаев, ги прегледаа погодените области и ги испрашуваа преживеаните, сведоците и луѓето блиски до жртвите.

Според Амнести, нивните иследници пронашле докази дека украинските сили извршиле напади од населени станбени области и воспоставиле бази во цивилни згради во 19 градови и села во тие области.

Повеќето од станбените области каде што биле сместени војниците биле на неколку километри од линијата на фронтот, посочува Амнести и посочува дека се можни и други опции кои нема да ги доведат во опасност цивилите, како што се воените бази или областите густо пошумени во близина.

Амнести наведува дека според нивните сознанија војниците стационирани во овие населени места не побарале од цивилите да се евакуираат.

Таа потврди дека украинските сили формирале воени бази во училиштата и болниците.

Организацијата изјави дека контактирала со украинското Министерство за одбрана во врска со заклучоците од нејзините истраги на 29 јули, но дека не добила одговор до објавувањето на изјавата.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.