Ананас торта

ЗА ПАНДИШПАН
6 јајца
10 лажици шеќер
4 лажици гриз
3 лажици брашно
1 прашок за печиво
ЗА ФИЛ
500 мл млеко
2 пудинга од ванила
200 г шеќер
250 г маргарин
250 г шеќер во прав
1 голема конзерва ананас
2 шлага
200 мл кисела вода
Жолчките измете ги со шеќерот. Додадете ги изматените белки, гризот, брашното и прашокот за печиво. Измешајте ја смесата со лажица и нанесете ја во тава за печење. Испечете пандишпан и исечете го на 3 ленти.
Пудингот сварете го во млекото со шеќер и изладете го. Маргаринот изматете го со шеќерот во прав. Додадете го пудингот и изматете го филот.
Две ленти пандишпан попрскајте со сокот од ананас и премачкајте со фил. Ставете ја третата лента пандишпан. Потоа премачкајте ја тортата со изматениот шлаг со кисела вода и украсете ја со кругови ананас.

 

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.