Анастасија ја доживеа судбината на мајка си: Пејачката скршена од болка зборуваше за загубата на бебето

Вчера Немања Гудељ ја објави тажната вест дека тој и Анастасија Ражнатовиќ го изгубиле бебето кое го очекуваа во септември, а пејачката веднаш се повлече од социјалните мрежи.

Цеца Ражнатовиќ не се огласи за ненадејниот прекин на бременоста на нејзината ќерка, но пред само неколку месеци откри дека пред повеќе од 27 години имала спонтан аборт.ус.
Иако сè уште не се познати проблемите со кои се соочила Анастасија, нејзината мајка во емисијата „Цеца Шоу“ раскажа што и се случило кога забременила за прв пат.

Цеца имала спонтан абортус месец и половина пред да се омажи и решиле да не ја одложуваат венчавката која била закажана за 19 февруари 1995 година.
– Бебето го изгубив во третиот месец од бременоста. Јас и Жељко чекавме бебе пред да се венчаме. Свадбата ја закажавме во февруари, а пред тоа бев бремена. Во меѓувреме, за жал, го изгубив моето бебе – изјавила Ражнатовиќ во својата исповед, а потоа објаснила дека отишла на вештачко оплодување.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.