Ана Брнабиќ ја прими третата доза вакцина: Бројот на хоспитализирани нè загрижува

Српската премиерка Ана Брнабиќ ја прими третата доза вакцина против коронавирус и најави дека следната недела ќе се одржи состанок на владиниот Kризен штаб за борба против пандемијата со коронавирусот.
„Ќе имам консултации со медицинскиот дел од Кризниот штаб за да видиме дали треба да направиме нешто дополнително“, им рече Брнабиќ на новинарите на Саемот во Белград, по добивањето на третата доза од вакцината.
Премиерката Брнабиќ рече дека во овој момент се бара модел за воведување ковид пропусници на начин што не е можно да се злоупотребат и фалсификуваат, бидејќи не сите редари имаат право да бараат лични карти, и додаде дека се разгледува владина одлука што ќе го овозможи тоа.
Таа рече дека „не е загрижена за бројот на луѓе во болниците“ затоа што тој се „држи до, или под 6.500“ луѓе.
Претседателот Александар Вучиќ најави дека ќе ја прими третата доза од вакцината против коронавирус во рок од седум дена, и дека тоа ќе биде кинескиот Синофарм.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.