АНТИКОРУПЦИСКА: КРИВИЧНО ДА СЕ ГОНИ НАУМЧЕ ЗА СПОРТСКИТЕ ВАУЧЕРИ. СПОРНИ СЕ 1 МИЛИЈАРДА ДЕНАРИ ГОДИШНО

По три години анализа на начинот на доделување на спортските ваучери, членовите на Антикорупциска комисија се согласија дека треба да се иницира кривично гонење на директорот на Агенцијата за млади и спорт Наумче Мојсовски и на членовите на Централната комисија за евалуација на предлог-листите за доделување спортски ваучери.

АНТИКОРУПЦИСКА: КРИВИЧНО ДА СЕ ГОНИ НАУМЧЕ ЗА СПОРТСКИТЕ ВАУЧЕРИ. СПОРНИ СЕ 1 МИЛИЈАРДА ДЕНАРИ ГОДИШНО

Освен тоа, антикорупционерите ќе побараат и од Владата да се утврди одговорност за лицата именувани од нејзината страна, од Управата за јавни приходи ќе бараат засилен надзор врз спортските федерации, клубови и поединци, корисници на ваучерите, и од Министерството за правда да се изготви нова законска регулатива заради обезбедување услови за поправична распределба на парите.

Членот на Комисијата Владимир Георгиев кој извести за овој проблем посочи на бројни незаконитости во распределбата на средствата од даночно ослободување, кои изнесуваат околу една милијарда денари годишно, поради што континуирано во изминативе неколку години, се оштетува државниот буџет, како и субјектите кои имало право на овие пари, а поради него не ги добиле.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.