четврток, 12 ноември 2026
Најново

Антикорупциска на некоја од наредните седници ќе испита дали има судир на интереси кај Томовски и СОЗР

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Антикорупциската комисија на некоја од следните седници ќе донесе одлука за евентуален судир на интереси кај директорот на СОЗР – Ивица Томовски. Опозициската СДСМ обвинуваше дека 160 тендери добила фирма блиска на наводно блиско лице на директорот на владината служба, најави претседателот на ДКСК, Адем Чучуљ.
Денеска и од СДСМ реагираа дека како што велат 92 дена откако го иницирале предметот за Томовски но и другите поврзани со различни тендери ДКСК се уште не се изјаснила а велат молчат и другите институции пред кои тие поднеле и доставиле докази за коруптивните скандали и судир на интереси .

Предметот кој го отвори антикорупциска по иницијатива на СДСМ а во врска со директорот на СОЗР Ивица Томовски треба да покаже дали имало судир на интереси но и дали има или не поврзаност со компанијата Сити аутсорсинг . Томовски пак уште тогаш најави тужба против СДСМ поради јавно изнесување пред јавноста на неговиот телефонски број од партиската говорница

Поврзани вести