Антиќ: Атмосферата и искуството се клучни за нашите добри резултати

 „Пласманот на Олимпијакос во четвртфиналето во Евролигата ќе биде ’цреша на тортата’ со што ќе биде наградена нашата напорна работа, периодот на прилагодување на новиот тренер и на новиот систем на игра“, вели во интервјуто за „Euroleague.net“, Перо Антиќ.Македонскиот репрезентативец и еден од најискусните играчи на Олимпијакос, вели дека освојувањето на европската титула во минатата сезона на екипата и дава дополнителна самодоверба, но и одговорност „да покажеме дека ланскиот успех не беше среќа или случајност, но и поради тоа што секој сака да го победи шампионот.“Олимпијакос, во Ф групата, каде неприкосновен лидер е Барселона, заедно со Химки, Макаби, Монтепаски и Каха Лаборал е во борба за преостанатите три места кои гарантираат настап во четвртфиналето.Европскиот првак во финишот на Топ 16 фазата се наоѓа во добра форма, откако победи на шест од последните седум натпревари, според Антиќ атмосферата во тимот и искуството се клучни за успешните настапи.„Минатата сезона беше многу поразлична од оваа, лани се играа помалку натпревари во Топ 16, со помалку победи се влегуваше во плеј офот. Сега четири екипи се борат за втората позиција во групата. Мислам дека ние играме многу добро во овој период од сезоната, чувствуваме помал притисок кога играме на домашен терен. Олимпијакос има одлични играчи, а атмосферата во екипата е одлична. Тоа е клучот. Ние се поддржуваме еден со друг, играме постојано на ист начин, никогаш не се откажуваме“, вели Антиќ, кој сезонава во Евролигата има просек од 6 поени и 3,5 скока по натпревар.Олимпијакос за пласман во четвртфиналето ќе мора да забележи победи во последните две средби во Ф групата (Фенербахче и Химки). Во петок Олимпијакос и Антиќ ќе му гостуваат на Фенербахче Улкер, екипа во која најдобар играч е уште еден македонски репрезентативец Лестер Бо Мекејлеб.„Фенербахче е опасен ривал, не знам зошто имаат лоши резултати. Тие се екипа со еден од најголемите буџети, екипа во која играат одлични кошаркари. Без оглед на лошите резултати јас сум сигурен дека тие ќе се обидат да не победат и поради тоа мислам дека во Истанбул не очекува многу тежок натпревар“, вели Антиќ во дел од интервјуто за официјалната интернет страница на Евролигата.Натпреварот од претпоследното 13-то коло во Топ 16 фазата, помеѓу Фенербахче и Олимпијакос ќе се одигра во петок со почеток во 20 часот.
Макфакс „Пласманот на Олимпијакос во четвртфиналето во Евролигата ќе биде ’цреша на тортата&rsq

Пронајдете не на следниве мрежи: