четврток, 12 ноември 2026
Најново

Антиќ со Олимпијакос ’брка’ победа над Химки

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Со натпреварите од 14.коло, во четврток, ќе биде комплетирана Топ 16 фазата во кошаркарската Евролига.Во Е групата се познати тимовите кои ќе играат во четвртфиналето, неизвесно е само кое место ќе го освојат на табелата, во најдобра положба е ЦСКА Москва, рускиот шампион и со пораз помал од 17 поени во дуелот со Панатинаикос ќе го обезбеди првото место.Реал против Анадолу Ефес ќе брка победа со што во четвртфиналето би ја избегнал Барселона.Многу понеизвесно е во Ф групата каде на првата позиција е сигурна Барселона, додека пет екипи се борат за преостанатите три места.Олимпијакос на Перо Антиќ ќе го пречека Химки, грчкиот тим со победа на овој меч, но и со пораз на Макаби во Барселона ќе го освои второто место, со што во четвртфиналето би си ја обезбедил предноста кој ја носи домашниот терен.Свои шанси имаат и Каха Лаборал односно Монтепаски, победникот од овој меч сигурно ќе се пласира меѓу најдобрите осум екипи во Европа:
Група Е:Жалгирис-БамбергУникаха-АлбаРеал-ЕфесПанатинаикос-ЦСКА МоскваТабела: ЦСКА 10-3, Панатинаикос 9-4, Ефес 9-4, Реал 9-4, Уникаха 7-6, Жалгирис 5-8, Алба 3-10, Бамберг 0-13Група Ф:Олимпијакос-ХимкиБарселона-МакабиКаха Лаборал-МонтепаскиБешикташ-Фенербахче (петок 5.април)Табела: Барселона 12-1, Макаби 8-5, Олимпијакос 8-5, Химки 7-6, Каха Лаборал 7-6, Монтепаски 7-6, Фенербахче 2-11, Бешикташ 1-12.
МакфаксСо натпреварите од 14.коло, во четврток, ќе биде комплетирана Топ 16 фазата во кошаркарската Евролига.Во Е група

Поврзани вести