Анушка Шанкар ќе го отвори Оff-fest 2013

Годинешното, 12-то по ред, издание на OFF-Fest, во организација на Скопскиот џез фестивал, ќе почне на 1јуни, со настап на популарната индиска ситаристка и композиторка Анушка Шанкар, ќерката на големиот Рави Шанкар и сестрата на славната џез-пејачка Нора Џоунс.

Анушка Шанкар е денес една од водечките фигури на т.н. музика на светот. Нејзиното творештво влече корени од индиската класична музика како и од музиката на нејзиниот татко, легендарниот Рави Шанкар, кај кого таа се школува од својата девета година.
 Како композитор, Анушка ја истражува плодната синтеза на индиската музика со разните музички жанрови како: фламенко, електроника, џез и класична музика.
 Два пати номинирана за престижната награда Греми, Анушка Шанкар беше првиот музичар од Индија што има настапено на доделувањето на Греми наградите (2006), кога беше номинирана за албумот “Rise”. Подоцна, таа беше најмладиот музичар и првата жена во историјата на Греми, номинирана во категоријата World Music, за нејзиниот албум “Live at Carnegie Hall” од 2002 година.
Таа беше,исто така,избрана како една од 20-те азиски херои во азиското издание на магазинот “Time” во 2004 година. Во 1999 година, Анушка Шанкар се стекна со Штит на Долниот Дом (House of Commons) на Британскиот парламент, како најмлад и единствен женски уметник кој го примил ова одличје.
 Родена во Лондон и израсната во Лондон, Њу Делхи и Калифорнија, кариерата на Анушка од самиот почеток беше интернационална. Своето деби таа го имаше во 1995 година, во Њу Делхи, на возраст од само 13 години, а веќе на 15-годишна возраст бележеше настапи во престижни сали, меѓу кои и Карнеги Хол, во исто време придружувајќи го својот татко на концертите ширум светот.
 Во 2011 година, познатата германска етикета „Дојче Грамофон” го издаде нејзиното шесто компакт диск издание “Traveller”, што и' ја донесе титулата Најдобар музичар од страна на магазинот „Сонглајнс”, како и номинацијата за наградата Греми во категоријата Најдобар world musicалбум. Трагајќи по корените на фламенко музиката во традицијата на индиските Раџастани Роми, во создавањето на “Traveller” учествуваат индиски и фламенко музичари, меѓу кои Сандра Караско, Пепе Хабичуела, Рикардо Мињо и Буика. Минатата сезона, Анушка Шанкар оствари извонредно успешна турнеја со “Traveller”, свирејќи низ Европа, САД, Средниот Исток и Индија.
Макфакс
Годинешното, 12-то по ред, издание на OFF-Fest, во организација на Скопскиот џез фестивал, ќе почне на 1јуни, со наста

Пронајдете не на следниве мрежи: