Апасиев побара оставка од Тошковски!

БЕЗ ПАУШАЛНИ ОБВИНУВАЊА – САМО ПРАВНО АРГУМЕНТИРАНО!

После вчерашната експликација за одговорноста на Градоначалникот на Кочани, денес продолжуваме со правни аргументи зошто и МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ВНАТРЕШНИ РАБОТИ, на чело со министерот, сноси одговорност за ситуацијата со дискошталата…

Согласно чл. 21, ст. 1, ал. 4 од Законот за угостителска дејност (Сл. весник на РМ бр. 62/2004), кој досега е менуван дури 15 пати, МВР дава СОГЛАСНОСТ за објектот дека ги исполнува условите за заштита на јавниот ред и мир + за безбедност во сообраќајот [паркинг и сл.].

Но, покрај оваа изрична ЗАКОНСКА НАДЛЕЖНОСТ, Министерството со кое раководи Панче Тошковски – во јавноста попознат и како „адвокатот на урбаната мафија“ – има и дополнителни ингеренции за дискотеки и кабариња – и тоа:

– проверка на работно време;
– проверка на пиротехнички средства;
– проверка на гласност и бучава;
– проверка на присуство на малолетници (и точење алкохол);
– проверка на наркотични супстанци и др.

Така да, министре – и да не сте директно кабает со непосредна вина, во крајна линија имате ПОЛИТИЧКА и ПРАВНА ОДГОВОРНОСТ за овој случај, затоа што вие сте министер од јануари 2024, а фалц-лиценцата е обновена во март 2024 – што значи токму во времето на Вашето министерување!

Оттука, мислам дека смената на командирите и началниците на СВР и ОВР не е доволна и е жртвување пион за кралица. Потребно е да покажете доблест и да си поднесете ОСТАВКА од морални причини.

#КорупцијатаУбива
#ВладиноПрикривање
#Кредибилитет

Фејсбук статус на Димитар Апасиев.

Пронајдете не на следниве мрежи: