Претседателот на РКЕ, Марко Бислимовски информира дека за најголемиот систем од кој се снабдуваат 57 илјади потрошувачи во градот Скопје, цената на парното се зголемува за 4,51%.
Тоа на сметка од 1000 денари, значи зголемување од 45 денари, а на просечна сметка од 1800 денари колку што е во Скопје, зголемувањето е 80 денари.
На ова реагира претседателот на Левица, Димитар Апасиев кој на Фејсбук напиша:
– Честито поскапо ПАРНО!
#МафијаНаРобија






